Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во УЈИЕ Скопје се одржа научна конференција за добро управување и владеење на правото

„Добро управување и владеењето на правото од гледна точка на интеграцијата во ЕУ“ беше темата на конференцијата, што се одржа денес (11.09 2019г.), во УЈИЕ Скопје, каде учествуваа познати истражувачи од земјава и од регионов. Главните говорници беа проф. Рајнхард Прибе, проф.Флоријан Бибер и акад. проф. д-р Владо Камбовски.

Со оваа активност уште еднаш се докажува научниот придонес што Универзитетот на Југоисточна Европа го дава во општеството и во обезбедувањето конкретни решенија за клучните општествени проблеми , рече во своето обраќање ректорот ан УЈИЕ акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети. Тој истакна дека ова е една од клучните конференции организирани на Универзитетот, потенцирајќи го нејзиното влијание врз тековните општествени случувања.

Говорејќи на темата на конференцијата, ректорот Беџети рече дека двата главни предуслови за економски развој на една земја се неекономските предуслови.

„Владеењето на правото и институционалниот капацитет се двата главни предуслови за економски развој на една земја“, рече ректорот Беџети.

Нашиот универзитет придава важност на науката и истражувањето и оваа година одвои 2% од својот буџет за истражување на научни кадри, со што се очекува да придонесе конкретно со научни трудови преку обезбедување конкретни решенија за многу од проблемите со кои се соочува земјава.

Ректорот Беџети напомена дека оваа сума за следната година ќе биде 3% и во однос на капацитетот на Универзитетот е најголема во регионов.

Вицепремиерот на Владата на РСМ за Евроатлантски интеграции, Бујар Османи, рече дека денес во УЈИЕ го имаме последниот испит пред датумот за почеток на преговорите во октомври. Тој му се заблагодари на Универзитетот за пораката што ја дава преку оваа конференција, која е организирана во соодветно време и на соодветно место.

„Тука е известувачот Рајнхард Прибе, за кој верувам дека е тука да ја даде последната позитивна проценка за нашата земја“, истакна Османи.

Проректорката за истражување и за меѓународна соработка, проф.д-р Беса Арифи, им се заблагодари на сите учесници, но особено на главните говорници, кои исто така конкретно помогнаа за оваа конференција да има голема важност во општествените случувања.

Не случајно конференцијата е организирана од два факултета, Правниот факултет и Факултетот за современи општествени науки, затоа што сакавме да имаме интердисциплинарен пристап кон предметот што се изучува и да дојдеме до конкретни решенија за одредени проблеми“, рече проректорката Арифи.

Поздравен говор на конференцијата имаше и претставникот на Амбасадата на САД во Скопје, Челса Шинур, правен советник, кој зборуваше за важноста на владеењето на правото, преку анализи и конкретни дејствија.

Поздравен говор одржа и амбасадорот на Р. Словенија во Република Северна Македонија, Н.Е. Милан Јазбец, кој се фокусираше на научниот придонес на истражувачите во владеењето на правото.

Деканот на Правниот факултет, проф. д-р, Аднан Јашари во своето поздравно обраќање зборуваше за конкретната посветеност на вработените и на истражувачите да ја направат оваа конференција значајна, во време кога земјава се соочува со предизвиците на Европската интеграција.

Деканот на Факултетот за современи општествени науки, проф. д-р Мемет Мемети ја истакна важноста од комбинирањето на општествените науки со правото додавајќи ја тука и стручноста на еминентните професори за успехот на оваа конференција и влијанието што таа ќе го има врз општествените случувања.

Конференцијата продолжи со главните говорници, Рајнхард Прибе, кој зборуваше на темата: „Зошто владеењето на правото е суштински услов за членство во ЕУ“ Флоријан Бибер ја претстави својата теза: Решавање на минатото? Лекции од Преспанскиот договор за Југоисточна Европа, Владо Камбовски ја претстави темата: „Предизвици на реформите во правниот систем на Република Северна Македонија“ .

На конференцијата беа презентирани трудовите на сесиите, каде универзитетскиот академски кадар, студентите на докторски студии, истражувачите и други истражувачи ги презентираа своите трудови на главната тема. Трудовите се очекува да бидат објавени во Збирката на конференцијата.

Google+