Формирана Комисијата за следење на пандемијата на грип A/H1N1
11 ноември 2009
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), во Тетово, Академик Алајдин Абази ја донесе одлуката за формирање на Комисијата за пандемискиот грип на универзитетот, која внимателно ќе ја следи епидемиолошката состојба на свинскиот грип (A/H1N1), во Универзитетот. Со Комисијата ќе раководи Дарко Спировски, директор за одржување.
Одлуката беше донесена, бидејќи постои зголемување на степенот на ширење на пандемијата на грип во Македонија, регионот и пошироко. Универзитетот, по овој повод, го зголеми и степенот на будноста и превзема превентивни мерки против можните појави на случаи на грип во Кампусот.
Комисијата има обврска да го спроведе Акциониот план за пандемија.
Пандемијата на свински грип е предизвикана од нов вирус на грип, кој брзо се шири низ целиот свет и инфицира голем број од населението.
Свинскиот грип е акутна вирусна инфекција на респираторниот систем кај свињи, предизвикани од тип на вирусот на грип А/H1N1.
Сите вработени и студенти во итни случаи треба да воспоставуваат директен контакт со Обезбедувањето на универзитетскиот кампус, или по телефон на локал 2200.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics