На меѓународната веб-страница webometrics.info, на последното рангирање на универзитетите во светот, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), беше рангиран на второто место меѓу албанските универзитети и на трето меѓу сите универзитети во Република Северна Македонија.
Споредено со периодот 2014-2019, УЈИЕ на светско ниво го подобри својот ранг за 2861 места и сега е рангиран на 4217 место.
Универзитетот на Југоисточна Европа, базиран на академска настава, научните истражувања забележа зголемување на глобалното и на регионалното рангирање, според рангирањата на универзитетите врз основа на нивните перформанси.
