„Со грантот што го добивме (првата фаза), ќе можеме да експериментираме со Cloud Computing технологијата, користејќи ги безжичните јазли, дистрибуирани во Антверпен, Белгија. Резултатите од експериментите треба да бидат во служба на компаниите на Технолошкиот парк на УЈИЕ и ќе им овозможат на студентите на магистерски и на докторски студии да објават трудови со резултатите на најреномираните светски конференции“, истакна Селими.
Ова е првата соработка меѓу Институтот „Макс ван дер Штул“ и Центарот за бизнис иновации, во смисла на соработка помеѓу истражувачите и индустријата, користејќи го Центарот како врска во реализирањето на оваа соработка.
Фид4Фајр (Fed4Fire) е проект од програмата H2020, кој финансира иновативни идеи и експерименти од областа на ИКТ, поддржувајќи ги со модерна и современа опрема. Фид4Фајр обезбедува најголема база на експериментални примероци за Интернетот на следната генерација, поддржувајќи широк спектар на различни заедници и иницијативи за истражување и иновации во Европа, проекти и иницијативи за тестирање на 5G технологијата.
Имплементацијата на проектот започнува во август и ќе заврши во ноември оваа година.
