Меморандумот се потпиша од ректорот на УЈИЕ, акад. проф. др. Абдулменаф Беџети и од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Ректорот Беџети рече дека со потпишувањето на овој меморандум Владата ја прифати иницијативата за конкретизирање на соработката која започна пред два месеци,
„УЈИЕ докажува дека е подготвен да преземе општествена одговорност и да придонесе во двата многу важни процеси за земјата, помагајќи во организирање обуки за администрација и јазично уредување на сите државни правни акти“, рече ректорот Беџети.
Вицепремиерот Османи го опиша Универзитетот на Југоисточна Европа како најверодостојна и сериозна институција која е носител на интегративните процеси во земјата.
„Меморандумот има мултидимензионален карактер и предвидува дека експертите од овој универзитет ќе бидат вклучени во преговорите“, рече Османи.
Меморандумот има за цел воспоставување на соработка меѓу двете страни во приближувањето кон ЕУ и инволвирањето на академската заедница преку разни облици на соработка и партнерство, во процесот не европската интеграција.
Договорните страни, во рамки на овој Меморандум за соработка, ќе се залагаат за организирање на разни семинари и обуки за усовршување на административните службеници во доменот на ИПА – фондовите и терминолошко рецензирање на сите закони и други правни акти што се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија.
