Ова е резултат на зголемената соработка со Универзитетите од САД преку програмата за размена поддржана и спонзорирана од Стејт Департманот на САД. Вели Креци е поранешен Фулбрајт научник и од септември 2018 година е во својство на директор на Институтот „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ каде пречека визитинг-професори меѓу кои и Фулбрајт научникот проф. Лари Хјубел од Универзитетот Сиетл минатиот семестар.
На Универзитетот на Југоисточна Европа, во текот на оваа академска година имаше 10 меѓународно признати професори од партнерските универзитети од САД и од Европа кои на УЈИЕ предаваа за студенти на различни факултети и циклуси на студии.
Институтот и Универзитетот силно го поттикнуваат споделувањето на искуства и ресурси преку размена на научници и професионалци за постигнување на поголемо влијание врз квалитетот на образованието и истражувањето.
Универзитетот дава стратешко значење за интернационализацијата преку овозможување на средина за создавање можности за воспоставување билатерална и мултилатерална соработка и размена.
