„Информатичката технологија, интернетот, компаниите со висока технологија и глобализацијата, особено во последната деценија на новиот век, создадоа сосема нов вид на економија“, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдилменаф Беџети, на церемонијата на отворање на конференцијата. Тој рече дека препораките кои ќе произлезат од спроведеното истражување од страна на научниците од оваа област ќе бидат испратени до актуелните креатори на политики, бидејќи се многу отворени и бараат внесување на податоци кои ќе влијаат на развојот и подобрувањето на целокупната економска состојба.
Конференцијата ja поздрави и министерот за економија во Владата на РНМ, Крешник Бектеши, кој го издвои УЈИЕ како најголем соработник за помошта што ја обезбедува во општеството преку организирање на вакви научни конференции, како и конкретни препораки и соработка.
„Владата со одобрение од Програмата за економски развој и Законот за високо образование, како услов ја постави соработката меѓу универзитетите и централната власт, ова се прави со цел да се намали хиперпродукцијата на исти профили и стимулирање на пофготвување на кадарт што го бара пазарот“, рече министерот Бектеши..
Деканката на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази се заблагодари на сите учесници за нивната посветеност и придонес во организацијата и збогатувањето на конференцијата.
„Најголемиот мост, кој е локацијата на овој Кампус има силни асоцијации со градење на мост меѓу заедниците и на тој начин обезбедува идеален амбиент за настан кој се осврнува на големиот предизвик за транзиција кон пристапувањето во ЕУ“, рече деканката Хирие Абази.
Околу 90 научници учествуваат на конференцијата која се одржува во Кампусот на УЈие во Скопје на 13. јуни и во Тетово на 14.јуни.
