Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обука за наставниците, во рамките на активностите на проектот RoMIGSc

Во УЈИЕ - Скопје, во вторник (11.06.2019 година), беше реализирана обука за наставниците, во рамките на активностите на проектот RoMIGSc WP5-Erasmus Plus.

Фокус на оваа обука беше презентација на целите на проектот од Мерита Зулфиу Алили, додека во вториот дел беа презентирани некои активности спроведени од волонтерска обука како дел од пакет WP5 обврски кои ни се приоритет како проект - партнер, кои како изведба на процесот ги презентираше Беса Кадриу.

Обуката во вториот дел следеше со презентација на претставник од НВО СУМНАЛ-Сибел Бајрам. Следеа дискусии од наставниците кои презентираа добри примери за мешани паралелни практики помеѓу различните култури како што функционираат и соработуваат во такво опкружување. Во улогата на координатор, Вели Креци, зборуваше за она што досега беше спроведено и за други прашања што ќе следат во улогата на партнер во проектот.

На оваа обука, специјален гостин беше Маја Мухиќ, која имаше одлична презентација за мултикултурните концепти и теории, кои привлекоа посебен интерес за присутните и беа високо ценети.

Под координација на факултетот член на Факултетот за современи општествени науки - Вулнет Бесими , на учесниците на крајот на овој настан им беа доделени сертификати.

Google+