„Како домаќин, се чувствувам гордо за промоцијата на оваа книга, не само за нејзините вредности, туку и за тоа што книгата ќе им служи на нашите студенти по политички науки како референтна литература во нивните трудови“, рече ректорот на УЈИЕ, акад.проф. д-р Абдулменаф Беџети.
„Книгата претставува монографија за политичкото делување на Албанците во Македонија, а авторот се обидел да доминираат аргументите и фактите, а не квалификациите и евалуациите“, истакна меѓу другите ректорот Беџети.
Авторот на книгата, Махи Несими, рече дека намерата да се напише оваа книга е да се комплетира недостатокот на пишани документи за важните настани на Албанците во Македонија.
„Ние Албанците во Македонија направивме многу малку за да оставиме пишани документи за важни настани од нашата историја тука. Во книгата се вклучени настани од 2001 година до денес и се дискутираат и опишуваат главните настани и забранетите теми, како што се прашањето на кантоните, Охридскиот договор, пописот на населението, проектот „Скопје 2014“ и неодамнешниот Закон за употребата на албанскиот јазик “,рече меѓу другото авторот Махи Несими.
За книгата се зборуваа уредниците проф. д-р. Земри Елези и проф. д-р. Јетон Шасивари, додека многу од гостите имаа коментари и разговараа со авторот.
