Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Перспективите на ЈИЕУ на Виенската конференција за веронаука


 
Од 23-25 октомври 2009 година професорот Али Пајазити од Факултетот за Јавна администрација и политички науки на ЈИЕУ учествуваше на меѓународната конференција “ Веронауката во Југоисточна Европа“ во Виена, Австрија.
Конференцијата беше организирана од Виенскиот Универзитет – Катедрата за Филозофија, Федералното министерство на Австрија за наука и истражување, Институтот за Дунавскиот регион и Централна Европа и Австриската асоцијација за култура. Трудот на професорот Али Пајазити е со наслов „ Веронауката во Македонија“ и во него е претставен аналитичкиот, теоретскиот и социолошкиот пристап во врска со прашањето на  имплементирањето на  веронауката (историја на религиите или етиката) во формалната мрежа на образованието, како една од насоките за изнаоѓање решение за проблемите на денешните хипер модерни општества. Овие општества се судруваат со многу социјални проблеми како што се наркоманија, алкохолизам, растројства, самоубиства и др., кои бараат реални и здрави решенија. Воедно трактатот обработува концепти како секуларизмот, младите, глобалната криза, религиозното воскреснување, мултикултурализмот и толеранцијата
Google+