Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дипломираше 15. генерација на студентите на УЈИЕ – надеж и гордост за иднината

Mеѓу надежта, гордоста и соништата за иднината, во присуство на родители, професори и бројни гости, дипломираните студенти на петнаесеттата генерација на Универзитетот на Југоисточна Европа, во саботата (8. јуни2019 година) имаа церемонија на дипломирање.

„Во животот има многу моменти исполнети со емоции, позитивна енергија, ентузијазам, страст, но овој ден засекогаш остава посебни траги во вашата меморија.“, рече ректорот на УЈИЕ- акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети во своето свечено обраќање на дипломците.

„Што и да одберете, ние ви посакуваме многу здравје и успех. Вратата низ која ќе излезете денес (во фигуративната смисла на зборот) останува отворена засекогаш за сите вас, и еден ден , ако даде Господ, дури и за вашите деца. Каде и да одат и да стигнат, луѓето во својот животен пат создаваат обврски. Мислам на интелектуалните обврски кон институцијата - Алма Матер. Како што и започнав со констатацијата, иако заслужувате повеќе, не ја заборавајте интелектуалната обврска кон професорите, асистентите, и сите вработени на овој кампус, како и на оние за кои се грижеа за оваа посебна средина во која сте уживале во текот на овие години.“ забележа ректорот Беџети

Претседателот на Одборот на Универзитетот , проф.д-р Денис Фарингтон, во својот говор се потсети на моментите од неговото дипломирање пред 50 години, кога како и дипломираните на УЈИЕ бил исполнет со емоции и сништа за иднината тогаш.

„Знам дека многумина од вас денес сте поддржани од вашите родители, баби и дедовци, браќа, сестри и од другите членови на вашите семејства. Јас во ваше име им се заблагодарувам за таа поддршка и за пожртвуваноста да го осигурат вашиот успех. Тие знаат дека го направија вистинскиот избор со тоа што ве испратија на УЈИЕ и сигурен сум дека тие ќе го промовираат нашиов Универзитет во заедницата.“ истакна проф. Фарингтон.

Во името на министерот за образование и наука на Северна Македонија , г. Арбр Адеми кој поради службено патување не присуствуваше на церемонијата , неговиот говор го прочита проректорката за меѓународна соработка и истражување проф.д-р Беса Арифи.

„Дозволете ми да ги изразам моето посебно задоволство и искрената добра волја за 15-тата генерација дипломирани студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, кои денес, повеќе од кога и да било, имаат добра причина да се гордеат со изборот да учат токму тука - во оваа високообразовна институција која со посветеност, визија и со неуморна работа на професорите и раководниот кадар сега стана универзитет со симболички вредности.“, беше забележано во говорот на министерот Адеми.

„Вие, драги дипломирани студенти, вие сте деца на знаењето. Овој универзитет ви даде сертификат за ова достигнување. Моќта на знаењето е тоа што лежи во срцето на човечките активности. Погледнете околу себе и ќе видите колку моќни може да бидете со знаењето што го стекнавте во текот на вашите студии.“, истакна во своето обраќање Амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија н.е Милан Јазбец.

Пред почетокот на церемонијата на дипломирање, беше откриена плочата и официјално амфитеатарот беше именуван во чест на починатиот проф. Алајдин Демири - амфитеатар Алајдин Демири.

Во име на студентите на генерацијата, говореше студентот на Факултетот за современи науки и технологии, Бленд Деари, кој на прво место им се заблагодари на родителите за нивната пожртвуваност и рече: „Сите наши достигнувања во овој живот не се само наши, туку и нивни, бидејќи без нивната напорна работа и охрабрување, веројатно не би стоеле овде како најдобри студенти на генерацијата 2019.„

За уметничкиот дел од церемонијата УЈИЕ го ангажираше познатиот тенор Кастриот Туша; хорот на Универзитетот во Тетово, предводен од маестро Арификмет Џемаили; и познат гудачки квартет од Скопје.

Google+