Во своето воведно обраќање, ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, рече дека во својство на институција домаќин се чувствуваме среќни што придонесуваме во подигнувањето на квалитетот на темите кои се разгледуваат во овој значаен процес.
„Овој инклузивен процес се одржува во институција која го има европскиот префикс и нема посоодветни места од универзитетите каде што сите страни можат да бидат послободни, поотворени и повеќе да придонесуваат во ова насока. Ние како универзитет остануваме целосно достапни, со сита наши ресурси и експертиза за поглавјата 23 и 24“, рече ректорот Беџети. Тој ја нагласи важноста за конкретни чекори во економскиот развој, бидејќи во спротивно егзодусот на населението ќе се влоши.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази задоволство што денес се дебатира за јакнење на капацитетите за борба против корупцијата, што е од општ интерес за целото општество.
"Нашата цел е да се обединиме и да работиме против секаков вид организиран криминал и да бидеме одлучни во владеењето на правото и правдата во земјата", рече Спасовски.
Пригоден говор одржа и проф. д-р Блерим Река, кој зборуваше за меѓународното искуство и чекорите што ги следеа другите земји во оваа област за време на процесот на пристапување во ЕУ.
На дебатата присуствуваа експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Република Словачка, професори, претставници на Основниот суд во Скопје, Европското движење, финансиските сектори на Владата и претставниците на специјалното обвинителство.
Тркалезната маса беше поддржана од USAID и SlovakAid.
