Во оваа прилика, на канцеларијата на ВКНМ, меѓу другите, се придружиија и Нансен Центарот за дијалог од Скопје (НДЦ) од Република Северна Македонија и Асоцијацијата за историски дијалог и истражување од Кипар. Двете организации се минатогодишни добитници на наградата „Макс ван дер Штул“, која заеднички ја доделуваат Владата на Холандија и ВКНМ.
На тркалезната маса беа ангажирани релевантни претставници од власта , академици, практичари и студенти на структуриран разговор за предизвиците на спроведувањето на образовните реформи во Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и надминувањето на пречките поврзани со јазичните бариери и градењето канали за дијалог помеѓу заедниците. Говорниците се осврнаа на релевантните тематски препораки и насоките на ВКНМ и истите ги контекстуализираа за да го поттикнат дијалогот меѓу заедниците.
