Заменик-премиерот Османи го презентираше и проектот на Секретаријатот за спроведување на Kонкурсот за најдобар есеј на тема „Со европско знаење до европската престолнина“, кој ќе се реализира на сите јавни и јавно-приватни универзитети, како што е УЈИЕ, при што од секој универзитет ќе се избираат по двајца студенти кои ќе ги посетат европските институции во Брисел и во Стразбур.
„Целосната интеграција на нашава земја во ЕУ не е опција, туку неопходен процес. Само интеграцијата во ЕУ може да го спречи масовното заминување на населението. Ова е иреверзибилен феномен, во смисла дека што поблиску е земјава до интеграцијата, толку повеќе стапката на имиграција се намалува и обратно“, рече ректорот Беџети во своето обраќање.
„ЕУ не треба да се колеба во процесот на проширување, бидејќи неодамнешните геостратешки случувања на Балканот покажуваат зголемување на политичките и на економските влијанија од земјите од Истокот, како што се Русија и Кина“ рече меѓу другото ректорот Беџети.
Во својство на предавач говореше и професорот Беким Нухиу, додека модератор на предавањето беше продеканката Арта Селмани.
