Бесник Фетаи и Изет Зеќири учествуваат на меѓународната конференција за глобалната финансиска криза во Хрватска
27 октомври 2009Доц. д-р Бесник Фетаи и проф. д-р Изет Зеќири , од 28-30 октомври ќе учествуваат на седмата меѓународна конференција организирана од Европскиот центар за мир и развој (European Center for Peace and Development-ECPD), на тема: “Национално и меѓуетничко религиозно помирување , религиозна толеранција и човекова безбедност на Балканот” која ќе се одржи во Бриони во Хрватска. Темата, со која ќе се претстават професорите од ЈИЕУ е: „ Влијанието на глобалната финансиска криза врз земјите од Југоисточна Европа“ во рамките на сесијата на тема: „Глобалната економска криза и влијанието во економскиот и социјалниот развој на земјите во Балканот“. Според нив, актуелните механизми на функционирање на светскиот економски систем во целост, или поединечно не можат да се спроведуваат врз економиите на земјите во Југоисточна Европа. Овие економии треба повеќе да се концентрираат на стимулирањето на внатрешните потреби намалувајќи ги каматните стапки на краткорочните кредити а притоа зголемувајќи ги капиталните расходи на буџетот со цел да се ублажат ефектите на рецесијата, кои се многу поголеми за разлика од поразвиените економии.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics