Д-р Денис Фарингтон учествуваше на Есенската конференција на АЕУ
13 октомври 2009
Д-р Денис Фарингтон, претседател на Одборот, сликан со Ректорот на Универзитетот од Црна Гора, проф. д-р Предраг Мирановиќ, го претстави ЈИЕУ и беше единствениот претставник од Р. Македонија на Есенската конференција на Асоцијацијата на Европски Универзитети која се одржа од 08 до 10 октомври во Гизен, Германија.
„Очигледно постои голем интерес во Европа во промоцијата на студиите од вториот циклус (MA) на англиски јазик, со неколку примери од првиот циклус на студии за одредени области како што се бизнис информатика и компјутерските науки. Овој развој е важен за земјите кои се приближуваат на Европската унија како што е случајот со Р. Македонија и ги поттикнува студентите на ЈИЕУ добро да го научат англискиот јазик со што им се отвораат вратите за понатамошните студии“, рече д-р. Денис Фарингтон.
Дополнително на конференцијата во контекст на интернационализацијата се дискутираше како високото образование може да има полза од проширувањето на клучниот етос со вклучување на искуствата од земјите кои не припаѓаат на Западен Балкан, од Азија, Индија и од Африка и да не се потпира на системите од Западна Европа или од САД.
Повеќе вести
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics
- Делегација од Универзитетот Западна Каролина (САД) во посета на УЈИЕ
- Факултетот за технички науки при УЈИЕ ја отвори XII Изложба на студентски проекти во Архитектура и дизајн
- Делегација од Mid Sweden University во посета на УЈИЕ: дискутирани заеднички студиски програми и нови можности за мобилност
- Библиотеката „Макс ван дер Штул“ на Меѓународен симпозиум во Осло
- Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
- Делегација од Универзитетот за применети науки и уметности на Северозападна Швајцарија (FHNW) го посети УЈИЕ