COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Беше одбележана светската недела на италијанскиот јазик на УЈИЕ

Во четвртокот (18 октомври), во рамките на одбележувањето на светската недела на италијанскиот јазик на Универзитетот на Југоисточна Европа беше организирана панел-дискусија на тема: „Јас, мојот живот во мрежа“.

На овој промотивен настан учествуваа студенти од катедрата по италијански јазик, проректорката за истражување и меѓународни односи, проф.д-р Беса Арифи, италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео.

Пред панелот, италијанскиот амбасадор Карло Ромео имаше состанок со проректорката за истражување и меѓународни односи проф. д-р Беса Арифи. На овој состанок беше дискутирано за темите од заеднички интерес како и можностите за продлабочување на соработката меѓу овие две страни.

Во обраќањето проректорката за истражување и меѓународни односи, проф. д-р Беса Арифи, го истакна фактот дека Универзитетот на Југоисточна Европа има многу сериозен пристап кон употребата на повеќе јазици во комуникацијата.

„Покрај официјалните јазици што се користат на ниво на Универзитетот, Јазичниот центар нуди и други важни јазични курсеви и се стремиме нашите студенти да бидат одлични по италијански јазик, германски јазик, француски јазик, шпански јазик, турски јазик и други. Во мое име и во име на ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, би сакала да се заблагодарам на Италијанската амбасада во Македонија за континуираната поддршка што ни ја даваат во наставата и во негувањето на италијанскиот јазик на нашиов универзитет“, рече проректорката Арифи.

Италијанскиот амбасадор Карло Ромео во своето обраќање говореше за значењето на одбележувањето на светската недела на италијанскиот јазик во светот, велејќи дека ова е 18. издание и дека оваа година преку 130 италијански амбасади и конзулати низ целиот свет ја одбележуваат оваа недела.

„Италијанската амбасада е заинтересирана да ја продлабочи соработката не само со УЈИЕ, туку и со други институции, бидејќи во овој дел од Македонија има предуслови за проширување на соработката“, истакна меѓу другото амбасадорот Ромео.

Предводени од професорката по италијански јазик, Викторија Еленова, своето искуство од учењето на италијанскиот јазик и култура го споделија студентите: Зихра Абази, Вели Адили и Бурхан Пајазити од Факултетот за бизнис и економија; Александар Шоповски, м-р по телекомуникации на Политехничкиот универзитет од Торино; Вокрим Демири, дипломиран по политички науки, експерт во бизнис-секторот и Гзиме Фејзи, претприемач и сопственик, активна во промоцијата на жените претприемачи во Македонија.

Google+