Проректорката за истражување и меѓународни односи, проф.д-р Беса Арифи ги поздрави студентите и им честита на нивниот избор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
„Со изборот на нашиов Универзитет, го избравте најпрофесионалниот кадар, второ рангираната истражувачка институција според Шангајската листа на државно ниво, најбогатата библиотека во однос на ресурсите и дигитализацијата, што ви овозможува да имате современ пристап кон истражувањето“ рече проректорката Арифи.
Професионалните служби на Универзитетот ги информираа новите студенти за административните процедури, како што се издавање на студентски ИД-картички, креирање распоред, користење на мрежа и онлајн алатки за учење, како што се Google- classroom и други апликации. Студентите исто така беа запознаени со главните услуги на Универзитетот, како што се Студентскиот сервис, службата за ИТ- поддршка , Библиотеката, Кариерниот центар и соодветните факултети каде што тие избрале да студираат.
