Целта на оваа иницијатива е Алумните на УЈИЕ - кои денес се сопственици на успешни компании, докажани професионалци и познати личности преку различни активности да ги одржат и зајакнат, врските со Универзитетот и обратно.
Во оваа пригода, познатиот бизнисмен од Косово, Ејуп Ахмети, одржа предавање на тема „Предизвици и искуства - од студии до бизнис“.
„Универзитетот не ве прави успешни, но ви овозможува да стекнете основа за знаење за да бидете успешни во вашиот бизнис или во кариерата“, рече ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, пред присутните студенти.
„Ние можеме да напишеме многу добри книги, но реализацијата на она што го кажуваме во книгите го прват храбрите и успешните луѓе, како Ејуп Ахмети, за кои сме горди што бил дел од нас и продолжува да ги одржува врските со неговиот универзитет“истакна меѓу другото ректорот Беџети.
„За да бидете успешни мора да имате сон, но да го доживеете, треба да го имате потребното знаење. Ова знаење и оваа основа јас ги стекнав на овој универзитет, што за многумина е регионален модел на квалитетна настава“, рече Ејуп Ахмети.
Бизнисменот Ејуп Ахмети им укажа на студентите да не се повлекуваат од своите цели, туку да бидат решени затоа што тогаш успехот е неизбежен.
„Дони Фрутс“ е реномирана регионална компанија за снабдување со овошје и зеленчук која работи во Косово, во Албанија и во Македонија и планира да се прошири на пазарот на ЕУ.
