COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа традиционалната средба со студентите од прва година

Во четвртокот (27 септември) студентите од прва година кои се запишаа на Универзитетот на Југоисточна Европа присуствуваа на традиционалната средба пред почетокот на новата академска година. Оваа средба е почетокот на традиционалната недела за ориентација на студентите.

Во своето поздравно обраќање ректорот на УЈИЕ акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети ги советуваше новите студенти, бидејќи ја имаат определено својата главна цел, да се концентрираат на тоа да го дадат најдоброто и да усвојат сè што оваа институција нуди.

„Ние заедно ќе го поминеме овој пат три или повеќе години. Ќе имаме најразлични ситуации, многу често ќе бидете радосни, но не секогаш. Секој пат кога ќе сметате дека неоправдано некој ве оштетил, ви гарантирам дека е ненамерно, но и Ви гарантирам правичност и праведност за исправување на грешката“, истакна ректорот Беџети.

„Ви честитам за направениот избор, не затоа што е во наша корист како универзитет, туку затоа што сте ја одбрале најдобрата опција за вас, во рамките на можностите и во рамките на она што програмата го нуди. Ова не е празна реторика, туку е заснованао на факти. Нашето академско опкружување, во сите аспекти, се разликува од другите - почнувајќи од транспарентноста на предавањата и академскиот процес, преку пристапот „студентот во центарот“, до студентската евалуација на академскиот и административниот кадар; опремата, библиотеката, безжичниот кампус насекаде, академскиот кадар со западните практики, мрежата на врсници од регионов, разните западни студиски програми и културата на толеранција, нè издвојуваатна пазарот на високото образование во Македонија“, истакна ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети.

На студентите им се обратија претседателот на Студентското собрание и асоцијација, Ветон Иљази, и студентскиот правобранител, Енклеј Ајази. Тие ги уверија новите студенти дека оваа асоцијација секогаш ќе биде заедно со студентите и дека заедно ќе поминуваат многу предизвикувачки моменти, а ќе имаат и многу работа.

Професионалните служби на Универзитетот ги информираа новите студенти за административните процедури, како што се издавање студентски ИД-картички, креирање распоред, користење мрежа и онлајн алатки за учење, како што се Google- classroom и други апликации. Студентите беа запознаени и со главните услуги на Универзитетот, како што се: Студентскиот сервис, Службата за ИТ- поддршка , Библиотеката, Кариерниот центар и соодветните факултети каде што тие избрале да студираат.

Google+