
Наградата, на симболичен начин беше доделена од страна на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, а меѓу познатите личности од јавниот живот, исто така беше присутен и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, академик Алајдин Абази, кој истакна дека оваа посета ќе ја искористи преку извршниот директор на албанско - американски совет, Авни Мустафај да врачи покана за доделување на почесна титула ‘Honoris causa’ од Универзитетот на ЈИЕ, во 2010 година, на г-дин Ал Гор. Ал Гор е поранешен американски потпретседател на САД, истакнат активист во борбата против климатските промени и заштитата на животната средина и добитник на Нобеловата награда за мир, со што е поврзана неговата работа околу спречувањето на климатските промени.