Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Научна конференција за корупцијата во високото образование

Во вторникот (11. септември) на Кампусот на Универзитетот Југоисточна Европа во Скопје се одржа Меѓународната научна конференција на тема „Корупцијата во високото образование“.

Конференцијата беше организирана од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа и Институтот за стратешки истражувања и образование во соработка со Амбасадата на САД во Скопје. На конференцијата присуствуваа познати истражувачи од областа од Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот во Љубљана, Универзитет во Тирана, Универзитетот „св.Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитет „Св. Климент Охридски" - Битола.

Беа дискутирани чувствителни теми, кои неодамна станаа феномен во високото образование, фокусирајќи се на облиците на корупција и плагијат како феномен кој е многу присутен во сферата на образованието.

„Постојат дискусии за плагијат, но сѐ уште ништо ново во писмените документи. Затоа, оваа конференција е важна бидејќи придонесува за ова прашање“, рече проф. д-р Денис Фарингтон, претседател на Одборот на УЈИЕ. Тој истакна дека ова е последен момент да се елиминира овој феномен, бидејќи влијае на квалитетот на дипломите, а кои подоцна се користат за вработување и влијаат врз квалитетот на истражувањето.

Google+