Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ домаќин на првиот меѓународен шаховски турнир „Арбер Џафери“

Во неделата, на 9. септември, на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово (УЈИЕ), Одделот за спорт на УЈИЕ и шаховскиот клуб го одржаа првиот Меѓународен шаховски турнир „Арбер Џафери“.

На овој турнир присуствуваа над 150 шахисти, со играчи од Македонија,од Албанија, од Косово и од Бугарија. Турнирот беше снимен на официјалниот распоред на шаховските настани на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).

На свеченото отворање на турнирот присуствуваа претставници на Македонската агенција за спорт; Претставници на шаховската федерација на сите земји учеснички и други гости.

Турнирот официјално го отвори Ректорот на УЈИЕ, aкад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој ја истакна важноста од одржување ваков настан на нашиов Универзитет.

„Масовното учество на шахисти на овој турнир нè обврзува да го претвориме во постојано натпреварување и за тоа ја имате мојата поддршка“, рече ректорот Беџети.

Средбата се одржа во девет круга и траеше цел ден. Игрите беа надгледувани од судии лиценцирани од ФИДЕ од Косово, од Албанија и од Македонија.

Победниците на турнирот беа:

Прво место: Звонко Стајнојоски

Второ место: Филип Панчевски

Трето место: Љубомир Данов (Бугарија)

Четврто место: Велислав Куков (Бугарија)

Петто место: Ндерим Сарачи (Косово)

Шесто место: Дејан Стојановски (Македонија)

ЕЛО 2 100: Сотир Паску (Албанија)

ЕЛО 1900: Авни Красниќи (Косово)

Јуниор: Мухамет Аслани (Косово)

Женски: Габриела Косокоска

Најдобар домашен помлад играч: Илир Арифи-Деваја

Ветеран: Бедри Садику

Сите добитници беа наградени со финансиски средства и дипломи

Google+