Студентите имаа теоретски студии, но реализираа и посети на различни компании, каде што беа во можност да го потврдат своето теоретско знаење.
Оваа Летна школа ја организираа Факултетот за бизнис и економија при УЈИЕ, Универзитетот за применети науки на Јужна Вестфалија, Универзитетот за образование, Вајнгартен.
Студентите на оваа летна школа генерираа, развија и презентираа бизнис- идеи во мултикултурен модел. „Програмата вклучуваше теоретски и практични аспекти во областа на претприемништвото, стратегијата за оптимизација, подготвувањето план- проекти презентација, интеркултурни студии итн.“ рече координаторот на Летната школа, доц. д-р Фитим Деари.
Во рамките на овој проект, министерот за директни странски инвестиции во Владата на Република Македонија, г. Бардил Даути, одржа предавање фокусирајќи се на олеснувањето на условите на домашните и странски инвеститори, профилите на земјата и макроекономските податоци итн.
Предавачи од германските универзитети беа проф. д-р Евалд Мителштад, проф. д-р Клаудија Випцки и Манфред Мор.
Германските студенти имаа можност да ја посетат фабриката „Везе Шари“ како и спомениците кои се дел од културното наследство и некои туристички места во Тетово и во други градови во Македонија. Овој проект е поддржан од Германското федерално министерство за економски работи и е финансирано од Германската служба за академска размена (ДААД).
