По завршување на свечената церемонија за четиринаесетата генерација апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) која се одржа во сабота на Кампусот на УЈИЕ во Тетово, амбасадаорот на САД, Џес Бејли придружуван од амбасадрот на Словенија Милан Јазбец и министерот за образование и наука, Арбен Адеми остварија средба со тековниот ректор на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика и новоизбраниот ректор академик Абдулменаф Беџети.
Ректорите Дика и Беџети изразија благодарност до Соединетите Американски Држави за огромниот даден придонес на Универзитетот на Југоисточна Европа. Тие повторно ги потврдија зборовите на амбасадорот за посебниот однос на САД со УЈИЕ, истакнувајќи го придонесот на Владата на САД преку УСАИД и во партнерство со Универзитетот во Индијана уште од основањето на УЈИЕ.
Министерот Адеми, заедно со амбасадорите Бејли и Јазбец , ветија дека ќе продолжат да го поддржуваат УЈИЕ, истакнувајќи го квалитетот во предавањето и воопшто академската и научната дејност на оваа важна високообразовна институција во Македонија.
