Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Мотивирани и со јасни цели, четиринаесетата генерација на апсолвенти на УЈИЕ

Со емоции, благодарности и надежи за подобра иднина, на Универзитетот на Југоисточна Европа во сабота (16 јуни, 2018 год.) дипломираше четиринаесетата генерација студенти. На церемонијата беа присутни родителите и членовите на семејството на студентите, амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, амбасадорот на Словенија Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбер Адеми , претставници на деловната заедница и многу други гости.

Проф.д-р Денис Фарингтон, претседателот на Одборот на УЈИЕ во својот говор ја истана важноста од вклучувањето и придонесот кој треба да го дадат нашите дипломци за севкупниот развој на земјава.

„Граѓани, родители и пријатели вие имате потполно право да бидете скептични за некои работи кои ќе ги прочитате или слушнете за високото образование, но нема причина да се сомневате кога ќе кажам „ние сме најдобри“. Студенти , вашиот успех го докажува тоа. Запомнете да се заблагодарите на оние кои ви го овозможија тоа“, истакна Фарингтон.

„Она што следеше, преку иницијативите преземени заедно од Советот, ОБСЕ, УСАИД и Европската унија и нашите национални партнери, резултираше во основање на УЈИЕ како мултиетничка, тријазична институција со две клучни карактеристики: ослободеност од секоја форма на политичко влијание и постојано меѓународно присуство“, забележа д-р Фарингтон.

„ Почестен сум што сум присутен на промоцијата на новата – 14. генерација студенти кои избраа да стекнат академско знаење токму на Универзитетот на Југоисточна Европа - на една од најатрактивните високообразовни институции во земјава и во регионов, познат по квалитетот и широкиот спектар образовни можности за иновациите кои постојано се применуваат во студиските програми, современата практична обука на студентите и по соработката и проектите кои ги реализираат заедно со голем број високообразовни и научни институции како и со бизнис-заедницата “ , рече министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Министерот рече дека не се сомнева во квалитетот на знаењето и вештините што студентите веќе ги поседуваат, бидејќи знае кои се долгорочните цели и колкави се напорите на раководниот и наставниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли во неговиот говор ги потсети студентите дека студираат на Универзитет кој е основан врз принципите на квалитетна настава и интелектуална размена. УЈИЕ има висока репутација како универзитет, каде што студентите можат да добијат одлично образование кое е конкурентно на меѓународната сцена.

Амбасадорот Бејли рече: „ Ова е и нов почеток за Универзитетот, бидејќи проф. Абдулменаф Беџети ќе ја преземе функцијата ректор, а проф. Дика ќе започне нова фаза во својата истакната кариера. УЈИЕ е основан како независен, непрофитен универзитет. Останува единствен од ваков вид во Македонија. Како водечки универзитет во Македонија со глас независен од државата и ослободен од притисокот да профитира, УЈИЕ е суштинска демократска институција.“

„ Ве поттикнувам да ја преземете обврската и да се организирате како алумни за зачувување на УЈИЕ во корист на идните студенти и на Универзитетот како целина. Ве охрабрувам и да продолжите да го надградувате мултикултурното, повеќејазично искуство на УЈИЕ преку промовирање на различноста, вклучувањето и толеранцијата како вредности кои го зајакнуваат општеството преку вашите идни кариери, каде и да одите. “ истакна амбасадорот.

Амбасадорот Бејли рече дека тој е оптимист и за иднината на УЈИЕ и на Македонија како земја. Но, оптимизмот не треба да се зема здраво за готово: постигнувањето и одржувањето успех, просперитетот бараат голем труд и упорност .

Ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика ги посети присутните дека „ Ситуацијата веројатно е иста како и минатата година, но изненадувачки јас сум уште помотивиран од минатата година поради тоа што гледам повеќе светлина во вас на долгиот пат на интелектуалниот и професионалниот развој“ .

„Денес сите овие вработени што се пред нас, во тесна соработка со нашите меѓународни основачи и во коалиција со вашите родители, кои во вакви околности веруваа и инвестираа во вашите универзитетски студии, сите предводени од меѓународните вредности на Европскиот простор на високото образование и западноевропската цивилизација, успеавме да ја одржиме автономијата на универзитетот во овие околности на непредвидени тешкотии, но и тоа го докажавме со напорна работа, посветеност и љубов кон професијата и доверба во вистинските идеали, дека секоја битка може да се победи, без разлика колку невозможно таа да изгледа“ рече ректорот Дика кој во гест на благодарност ги прочита имињата на сите вработени на Универзитетот.

На оваа церемонија на најдобрите студенти од генерацијата им беа доделени посебни сертификати. Во името на сите нив се обрати студентаката Блерина Демири од Факултетот за ЈКК отсек Меѓународни комуникации.

„Сето ова патување кон успехот, секој мал чекор што нè доведе до овој голем ден, ќе ги немаше вистинските бои без напорите на оние кои дадоа сè од себе во име на знаењето. Затоа, сакани професори, ако по една деценија нема да се сеќаваме на некоја теорија што ја научивме од Вас, сепак Вашиот лик ќе остане засекогаш неизбришлив во умот на секој од нас.“ истакна Демири.

Модератор на церемонијата беше Бурбуќе Капроли, одговорна на Кариерниот центар.

За културно-уметничкиот дел од програмата УЈИЕ ангажираше многу познато гудачко дуо од телевизијата Топ чанел, хорот на Тетовскиот Универзитет, предводен од маестро Арификмет Џемаили и познат квартет од Скопје.

Google+