Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Над 52 труда беа презентирани на Втората научна конференција на Факултетот за бизнис и економија

„Бизнис образованието во 21. век“ беше темата на втората меѓународна конференција која се одржа во петокот (25 мај 2018) на Универзитетот на Југоисточна Европа.

На Конференцијата присуствуваа истражувачи од различни земји, САД, Македонија, Косово, Литванија, Белорусија, Романија и други земји.

Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири, кој ја отвори Конференцијата, ја презентираше темата „Предизвиците на бизнис-образованието во Република Македонија“, истакнувајќи го трендот на намалување на бројот на ученици во основните и во средните училишта, а особено на намалување на бројот на студенти на универзитетите.

Министерот за економија во Македонија, Крешник Бектеши, зборуваше за важноста на образовниот систем во развојот на деловната средина, истакнувајќи ги мерките кои ги презема Министерството за да се зголеми квалитетот на образованието на сите нивоа во Македонија.

Заменик-министерот за образование, Арбер Адеми, зборуваше за важноста на реформите и за потребата за приспособување на образовните институции во подготовка на професионален кадар, кој ќе биде во можност да ги напредне процесите.

На Конференцијата беа презентираа 52 труда, кои ќе бидат објавени во зборникот од Конференцијата.

Главни говорници на Конференцијата беа: академик Абдулменаф Беџети, од Универзитетот на Југоисточна Европа; проф. д-р Пол Серџиус Коку,Универзитетот Атлантик Флорида, САД и проф. д-р Мариус Сорин Динца, од Универзитетот Трансилванија во Брасов, Романија.

Google+