Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Експертот Прибе на УЈИЕ за одбележување на 9 Мај –Денот на Европа

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Правниот факултет, во соработка со ЕУ инфо-центарот во Скопје организираа неколку активности за одбележување на 9 Мај - Денот на Европа.

За студентите, академскиот и администравниот кадар на УЈИЕ – како и за учениците од некои средни училишта во Општина Тетово, беше организирана панел-дискусија, на која почесен гостин беше проф. д-р Рајнхард Прибе. Проф. Прибе беше придружуван од професори од УЈИЕ , проф. д-р Блерим Река, доц. д-р Беким Нихија и проф. д-р Беса Арифи, кои со него дискутираа за важноста и историјата на овој ден, како и за аспирациите на Македонија и предизвиците за членството во ЕУ.

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, и деканот на Правниот факултет, доц. д-р Емине Зендели, ги поздравија присутните.

Според ректорот Дика „На образованието треба да се гледа како на интегрален дел од економските и социјалните политики, но и како на инструмент за зголемување на конкурентноста на општеството и гаранција за осигурување социјалана кохезија и индивидуален развој на граѓаните.“

Исто така, во рамките на активностите за одбележување на овој ден проф. д-р Јетон Шасивари организираше натпревар во ораторство на кој се натпреваруваа нашите студенти и ученици од средните училишта од Тетово при што на сите учесници им беа доделени сертификати, а на победниците признанија и награди.

Победници на овој натпревар беа:

Прво место – Меирем Мифтари – студентка од трета година;

Второ место – Адем Јашари - ученик од Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и

Трето место - Гентијана Мустафа – студентка од трета година.

На крајот имаше коктел за сите присутни.

Google+