Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Масивно учество од компаниите на Саемот за кариера

Во вторник (24. април), на Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа 13. Саем за кариера.

Како и секогаш, Саемот беше во организација на Центарот за кариера на УЈИЕ. На Саемот, студентите и дипломираните на УЈИЕ може да се запознаат со условите за вработување, да планираат за нивните кариери и може да се одлучат за нивната идна работа.

На овој Саем учествуваа 64 компании и релеватни институции од Македонија. Според ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика, промоцијата на соработката помеѓу високото образование и бизнисот е една од целите на оваа активност.

„Бизнисот во Европа секогаш најголемите достигнувања ги постигнал благодарение на соработката со универзитетите, како пример за заеднички достигнувања, особено во рамките на клучните иницијативи на стратегијата Европа 2020“ истакна ректорот Дика.

„Ние имаме иманентна потреба да се приспособиме кон европските трендови на создавање на национални сојузи на знаењето, а зошто пак не регионални, преку високообразовните институции и бизнисот за да се приклучиме на патот на стимулирање на капацитетите за иновации во нашите општества,“ продолжи ректорот Дика.

Заменик-министерот за образование на Македонија, г. Арбер Адеми исто така ги поздрави учесниците на саемот за кариера и забележа дека саемите водат кон иновативни идеи.

„Компаниите го вреднуваат кадарот кој излегува од овој универзитет, затоа што дипломираните од овој Универзитет докажаа дека поседуваат квалитет и професионализам“ рече заменик-министерот Адеми.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, г. Неби Хоџа истакна дека можности за бизнис има насекаде а за студентите прв предизвик е да пронајдат идеа.

„Јас мислам дека компаниите го потврдуваат потенцијалот на студентите од Универзитетот на ЈИЕ “ рече г. Хоџа.

Одговорниот на Центарот за кариера на УЈИЕ, г. Бурбуќе Капроли – Хамзаи се заблагодари на компаниите учесници и ја истакна важноста од меѓусебната соработка со Центарот за кариера која служи како мост помеѓу студентите и компаниите.

Саемот е добра можност за студентите и за потенцијалните вработени да ги дискутираат можностите за вработување и да го промовираат ангажирањето на студентите како практиканти во нивните компании.

Google+