Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Летниот камп на УЈИЕ ги поврза матурантите, студентите и професорите на Кампусот во Тетово

„Образование, технологија и економија на знаење“ беше темата на Летниот камп организиран од Факултетот за бизнис и економија. Летниот камп се одржа на 18. и 20. април, 2018 г. на УЈИЕ во Тетово.

Околу 160 средношколци од средните училишта во Македонија можеа да се запознаат со инфраструктурата, професорите, студентите и функционирањето на Универзитетот.

Од приближно 160 студенти кои учествуваа на кампот, 65 од нив останаа во студентските домови на УЈИЕ.

„ Ние во Извршниот менаџмент на УЈИЕ со задоволство ја поддржавме оваа иницијатива на Факултетот за бизнис и економија. На овој летен камп присуствува голем број студенти ентузијасти во нашиот кампус, кои имаат можност да присуствуваат на сесиите (предводени од нашиот академски кадар) на теми од образованието, технологијата и економијата на знаење“, истакна провостот од УЈИЕ, Ендру Гудспид.

„ Во рамките на кампот се реализираа различни обуки, во кои околу 12 професори предаваа за одредени предмети и на разни теми. Целта беше студентите да се запознаат меѓусебно во летниот камп, да се забавуваат и да имаат идеја за нивното понатамошно патување во изборот на насоката на студирање или на професијата “, истакна деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири.

Кампот понуди можност да се дружат , а со темите што ги предаваа нашите професори тие беа позаинтересиерани за квалитетот, за академскиот профил и за професионализмот на Универзитетот.

Симболично, Летниот камп ги поврза тековните студенти на УЈИЕ и средношколците со цел да стекнат искуство и да им овозможат на дипломците од средно училиште да создадат пореална слика за Универзитетот и за тоа како студирањето тука би можело да ја развие нивната професионална кариера.

Google+