Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Обука за правосудниот испит на Правниот факултет на УЈИЕ

Правниот факултет на УЈИЕ, во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, ќе започне со спроведување на обуката за подготовка на правосудниот испит, од 12 април 2018 година.

Оваа обука е акредитирана од Одборот за акредитација и евалуациј на високото образование во Република Македонија и претставува иновација на Правниот факултет- УЈИЕ, со тоа што овој факултет се разликува од другите правни факултети во земјава и пошироко.

Правосудниот испит како стручен испит претставува инвестиција за дипломираните студенти кои ќе можат да ги извршуваат своите должности, за чие извршување неопходно е полагањето на овој испит.

„Затоа, следејќи ги трендовите на современите правни факултети, кои даваат приоритет на обуката и практичниот дел, сметавме дека е разумно за студентите и за другите заинтересирани кандидати да ја понудиме оваа обука за правосудниот испит“, истакна деканот на Правниот факултет , проф. д-р Емине Зендели.

„Обуката ќе се подели на две сесии: теоретски дел и практичен дел. За теоретскиот дел од обуката ќе бидат ангажирани докажани професори од релевантните правни области, а за практичниот дел ќе бидат ангажирани експерти од правната практика (судии, обвинители, извршители , нотари, итн.)“, рече доц.д-р Арта Селмани, координатор на обуката.

Студентите и кандидатите кои ќе присуствуваат на обуката ќе ги имаат на располагање сите потребни материјали според програмата за полагање на правосудниот испит подготвен од Министерството за правда. На кандидатите, исто така, ќе им биде понуден бесплатен пристап до онлајн ресурси за сите правни акти во текот на периодот на обука. Во секое време, тие ќе бидат поттикнати да побараат совет од професорите, експертите и координаторите како за време на обуката, така и за време на периодот на полагање на испиот во Министерството за правда.

Крајниот период за аплицирање за обуката е 11 април 2018 година.

Google+