Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф.д-р Денис Фарингтон учествуваше на дебатата за „Пазарот на високото образование“ организирана од Комисијата за јавна ревизија во Парламентот на Обединетото Кралство

Претседателот на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Денис Фарингтон, беше поканет како експерт на дебатата на тема „Пазарот на високото образование“ што ја организираше Комисијата за јавна ревизија на Парламентот на Велика Британија на 12.март.

Дискусијата беше дали универзитетите во Англија се вредни за потрошените пари. Иако ова прашање беше национално, д-р Фарингтон смета дека може да се научи нешто и од дискусијата во однос на универзитетите во Македонија. „Членовите на парламентот сакаа да знаат зошто студентите избрале на кој универзитет ќе студираат и за доказите кои влијале на нивниот избор. Факторите вклучуваат објективно прикажан квалитет на предметите, можност за вработување и до одреден степен влијанието од професорите и од родителите.

Во контекст на Македонија, фактот што УЈИЕ ја покажа својата посветеност на квалитетот преку задоволство искажано од тимот на инститиоционалната програма за евалуација на ЕУА и другите надворешни експерти, дека не само релативно високата стапка на вработување, туку и високото ниво на позиции што многу од нашите дипломирани студенти ги постигнаа, илустрираат дека УЈИЕ навистина нуди вредност за парите. Важно е оваа порака да се пренесе и на оние кои ги советуваат студентите за нивниот избор на универзитет, како и на оние кои ги финансираат нивните студии. И од витално значење е Владата на Р.Македонија да разбере дека висококвалитетното образование нуди придобивки за земјата како целина и е вредно за финансиска поддршка “.

Google+