Изложбата имаше симболичен назив поврзан со политичкиот момент кога Македонија се соочува со напорите за европска интеграција: „Дури поблиска унија“.
Брисел и помага на Македонија да изгради модерна демократска држава, но прво и најважно да ја зголеми економијата во државата.
„Ова е посебен ден затоа што името на нашиов Универзитет е поврзано со Европа и со трендовите на ЕУ за интеграција и за соработка со сите страни, а посебно со нашата прозападна ориентација“, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика.
Амбасадорот на ЕУ, НЕ Семуел Жбогар изрази задоволство што повторно доаѓа на УЈИЕ и неговата порака се однесува на продолжување на реформите во рамкитe на евроинтеграцијата на Македонија.
„Вратите на Униајта се отворени, а 2018 претставува единствена можност за секоја земја да направи незапирлив напредок кон евроинтеграцијата“, истакна Жбогар.
Италијанскиот амбасадор, НЕ Карло Ромео, рече дека „Италија ќе ги поддржува аспирациите на земјите од Заападен Балкан за интеграција во евроатлантските структури.“
Одговорната на ЕУ инфо-точката, проф. д-р Беса Арифи, ја цитираше г-ѓа Федерика Могерини (високата претставничка на Европскта Унија за надворешни работи и безбедносна политика), која рече дека вратите на ЕУ се отворени. Таа изрази благодарност до делегацијата на Европската Унија и до италијанската Амбасада за реализирање на заложбата и за нивното учество на овој важен настан.
