„За да се намали бројката на млади и квалификувани кадри кои ја напуштаат државата потребно е компаниите да ги стимулираат вработените со таканаречените надворешни но и внатрешни фактори“, истакна деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири.
На форумот беше истакнато дека домашните компании воопшто не се конкурентни со фирмите од западно- европските земји. Академик Абдулменаф Беџети проблемот го гледа во менаџерите на компаниите, кои се клучни за развојот на компаниите во Македонија, и „затоа и вработените одлучуваат да заминат во странство и да напредуваат во поуспешни компании“.
На бизнис форумот дел од сопствениците на фирми, презентираа проекти кои во соработка со универзитетите но и со стопанските комори во земјава, имаат за цел да ги мотивираат вработените да останат и понатака да работат во нивните компании и да напредуваат во својата професија.
Бизнис- форум: Расте трендот на заминување на младите и квалификувани кадри од земјава
21 декември 2017Трендот на млади и квалификувани кадри кои заминуваат од државата е загрижувачки за опстанокот на компаниите, потенцираа експертите на денешниот бизнис-форум на тема „Предизвиците на менаџментот на човечките ресурси во компаниите во Македонија“, кој се одржа во вторник (19.12.2017 година), на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics