Предавањето беше организирано од Правниот факултет на УЈИЕ и Амбасадата на САД во Македонија.
Помошникот на американскиот државен правобранител, Гарланд во своето предавање меѓу другото презентираше два случаја, во кои одредени личности мотивирани од верска омраза преку социјалната мрежа фејсбук се заканиле на едно исламско здружение во Бостон.
Г. Мекнил, во своето предавање зборуваше за заштитата на човековите права во САД, посебно после нападите од 11 септември, бидејќи оттогаш има зголемување на бројот на нападите против муслиманите и нивните верски објекти.
