Клучна тема на ова предавање беше борбата против корупцијата која според амбасадорот на САД е феномен кој ги ослабува институциите и ги лишува граѓаните од можноста за самореализација и за напредок. За САД многу е важно да се почитуваат вредностите како што е владеењето на правото и придружната потреба за борба против корупција. Со цел успешно да се бориме против корупцијата, важно е да се создаде перцепција за овој феномен за граѓаните и за институциите.
„Оваа борба е успешна кога имаме моќни институции и кога има вклучување на граѓаните во овој процес“, рече амбасадорот Бејли.
Студентите изразија голем интерес за ова предавање, а поставуваа и прашања за улогата на САД во борбата против корупцијата и за улогата на студентите во оваа насока.
Пред предавањето, амабасадорот Бејли оствари средба со ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, провостот проф. д-р Ендру Гудспид и проректорот за меѓународни односи проф. д-р Блерим Река .
