Проф. д-р Ветон Латифи од УЈИЕ, како главен предавач на третата сесија на конференцијата, пред научниците ја презентираше темата „Како да се создадат поттикнувачки елементи за време на преговорите?“, каде меѓу другото ги елаборираше предностите на моделот за „заедничко решавање на проблемот (JPS)“ во преговоритенаспроти моделот „дилемата на затвореникот“ со тоа што последниот модел е организиран покрај традиционалните линии и станува неефикасен во ненасилните преговори и следствено некако се напушта во меѓународните посредувања и посебно со оглед на ограничувањата на моделот во изнаоѓање прозорец на можноста и компромис.
За таа цел, во случајот на спорот за името помеѓу Грција и Македонија, проф. Љатифи ја нагласи релеватноста на моделот JPS, посебно доколку истиот се аплицира во опсегот на пристапот наречен Декомпозирање на преговорите, при што низа прашања може да се поделат на неколку подсегменти или т.н. секвентивно тематско преговарање, а побрзата динамика на решавање и компромисите може да се употребат како столбови за поттикнување во преговорите.
Проф. д-р Ветон Љатифи одржа предавање за спорот со името Грција-Македонија на Универзитетот Оксфорд
28 ноември 2017Проф. д-р Ветон Љатифи го презентираше својот научен труд на меѓународната академска конференција за „Македонскиот спор за името денес: прозорец на можноста“, кој се одржа на 18 ноември во организација на Одделот за студии за Југоисточна Европа во Оксфорд (SEESOX), кој е дел од колеџот „Св Антониј“ на Универзитетот во Оксфорд (Велика Британија).
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics