Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одбележа Денот на Албанското национално знаме

„Денот на албанското знаме е запишан во колективната меморија како празник кој за 105 години ја обележа најодлучувачката пресвртница во историјата на нашата национална свест.“рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. Д-р Замир Дика, во своето воведно обраќање на свечената церемонија по повод Денот на независноста на албанската држава на 28 ноември.

„Нацијата треба да се гордее со своите празници, но тоа не е доволно за да докаже дека нејзината иднина секогаш зависи од славата што празниците ја создаваат. Затоа ја нагласувам нашата јавна одговорност, преку одржување академски интегритет, транспарентност, стратешко планирање и проекти кои обезбедуваат долгорочна одржливост. Ова се нашите предизвици врз кои ќе се базираат нашите следни активности“, рече ректорот Дика

Актот на подигнување знамиња и Декларацијата за независност во Валона се најважните настани во историјата на албанскиот народ. Овие настани беа плод на вековните борби на Албанците кон формирање независна албанска држава. Така, со Одлука на собранието на Валона, Албанците го стекнаа своето легитимно право да бидат слободни и независни, како и другите народи во Европа“, рече проф. д-р Мустафа Ибрахими од Одделот за албански јазик и литература на УЈИЕ.

Албанското знаме е највозвишениот симбол кој го изразува националниот идентитет. Покрај тоа, ова знаме е најдобриот доказ за лојалност кон нацијата и татковината. Тоа е редок и неверојатен настан, додека во сите држави претседателите положуваат заклетви на светите книги - Библијата или Куранот, албанскиот претседател ја положи заклетвата пред националното знаме“, рече доц. д-р Демуш Бајрами.

На крајот студентката Рита Беадини рецитираше избрани стихови од Фан Ноли.

Google+