Институтот “Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на Југоисточна Европа го организираше форумот на тема „Европската Унија, бегалците и границите: Како сето тоа влијае на Република Македонија?„. Главниот говор беше одржан од страна на Гералд Кнаус, директор на Европската Иницијатива за Стабилност. Тој ги елаборираше последиците на бегалската криза за политиките и внатрешните случувања во Европската Унија (ЕУ), земјите членки и земјите кандидати за зачленување во ЕУ.
Форумот се одржа на 07 ноември 2017 во кампусот на УЈИЕ во Скопје.
Форумот којшто беше организиран од страна на Институтот Макс ван дер Штул, освен што го привлече вниманието на студентите, истотака ги привлече винаминието и на научни истражувачи, професори и експерти од цивилното општетсво од областа, коипто со своите претставени ставови, коментари и покренати дилеми од нивна страна во врска со прашања за бегалците придонесоа во елаборација на факторите на бегалската криза во текот на работата на форумот.
