Во овој форум којшто за централна тема го имаше влијанието на Истокот врз геополитичките региони, професорот на УЈИЕ беше поканет од страна на OSW да биде главниот панелист. Во оваа прилика, Проф. д-р. Ветон Љатифи го претстави своето предавање на централна тема: „Трансатлантскиот пристап спроти обидте од Исток за влијание над меѓународните односи на Балканот„.
Претходно, на 23 октомври, професорот Љатифи одржа едно јавно предавање во Универзитетот на Варшава на тема: „Ориентациите и проспектите на албанската политика во XXI-иот век„. Предавањето беше наменато за студентите коишто ја следат програмата за студии за Источна Европа на овој јавен универзитет.
На крајот од својот претстој, Проф. д-р. Ветон Љатифи имаше презентација и во Полскиот Институт за Надворешна Политика, при што пред раководителите на истражувањето и програмата за Централна Европа на овој познат институт, тој ги претстави своите погледи за последните политички случувања во Европа и нивните можни рефлексии кон Централна и Југоисточна Европа.
