Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот Керим одржа предавање на УЈИЕ за глобализацијата и за дипломатијата

На Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, амбасадорот и дипломат од кариера д-р Срѓан Керим одржа предавање за дипломатијата и за глобализацијата.

Ректорот на Универзитетот, проф.д-р Замир Дика истакна дека е убеден дека ова предавање ќе има директно влијание врз студентите професорите, особено на оние кои се активни во истражувањето во областа на дипломатијата, меѓународните односи и глобализацијата.

Според ректорот Дика, д-р Керим доаѓа во УЈИЕ во време кога може да ги набљудува доследните научници кои се осврнуваат на неговите тези и ставови, што исто така може да се смета како обезбедување на системски алгоритам за глобална политика. „Покрај тоа“, рече ректорот Дика, „оваа форма на дискурс и нашата соработка со експерти од релевантните области е еден од најпрактичните пристапи за создавање на позитивни студентски навики, така што во иднина ќе ги практикуваат искуствата на овие ментори кои се модели на знаење“.

Д-р Керим истакна дека „глобализацијата е процес, а не концепт, каде што се појавува поинтензивна интерактивност на економски, социјални и политички фактори, предизвикувајќи глобалните настани во исто време да бидат и локални. Затоа, иднината ќе биде во рацете на новата образована генерација, која ќе се движи во согласност со глобалните промени. Меѓу овие студенти, сосема е можно да бидат и идните министри, премиери и претседатели на држава, кои со своето знаење ќе бидат обврзани да ги отстранат апсурдните бариери“.

На крајот, ректорот Дика му се заблагодари на д-р Керим за донирање на неговата лична библиотека до УЈИЕ. Постојат 635 книги со значителна вредност од различни области и јазици, во кои доминираат книги на англиски, германски, хрватски, албански, македонски и српски, и ги покриваат областите на литературата, филозофијата, дипломатијата, социологијата како и ретки атласи и енциклопедии. Несомнено е дека оваа великодушна донација е важна за Универзитетската библиотека, бидејќи покрај тоа што ја збогатува, исто така, носи и нов квалитет преку оваа библиотечна колекција, која, благодарение на амбасадорот Керим, најде засолниште под покривот на нашиот Универзитет.

Google+