Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

МОН во УЈИЕ одржа јавна дебата за развојот и имплементацијата на Националнaта рамка на квалификации на УЈИЕ

„Понатамошно подобрување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации (НРК) “ беше темата на јавната дебата која се одржа во среда (13 септември, 2017 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Министерството за образование и наука на Република Македонија во рамките на заедничкиот проект финансиран од ЕУ.

Проректорот за академски работи на УЈИЕ, проф.д-р Лејла Абази - Беџети, го истакна искуството и придонесот на УЈИЕ за развојот и за имплементацијата на Националната рамка на квалификации.

„Од основањето во 2001 година, го користевме“ Европскиот кредит трансфер систем " (ЕКТС) во студиите од првиот циклус, а подоцна го применивме Болоњскиот модел (3 + 2), со што станавме еден од универзитетите во регионов кој го спроведува овој модел, што ни овозможи меѓународна транспарентност, валидација и можности за мобилност. УЈИЕ во текот на овој период одигра многу активна улога во воспоставувањето на НРК, во рамки на проектот за дизајнирање и имплементирање на оваа рамка. Од оваа година УЈИЕ нуди три и четири годишни универзитетски студии, дизајнирани во согласност со барањата на пазарот на трудот, особено индустријата. На овој начин продолжуваме да придонесуваме кон примена на НРК, кој преку резултатите од учењето има за цел да ги усогласи овие квалификации со барањата на пазарот на трудот“, рече проректорот Абази-Беџети.

Во текот на дебатата се дискутираа различни теми кои се однесуваат на придобивките на Националната рамка на квалификации и градењето доверба во НРК.

Учесници во оваа дискусија беа експери од Министерството за образование и наука на РМ и експерти од Полска и од Хрватска.

Google+