На средбата беше разговарано за предизвиците пред кои се наоѓа образованието во Република Македонија, како и за потребата од имплементирање на позитивни искуства во нашиот образовен систем, прилагоден на потребите на пазарот на трудот.
Во оваа прилика беше разговарано и за продолжување на соработката и за поддршката помеѓуВладата и Универзитетот и беа разменети идеи во која насока треба да се развива образовната инфраструктура во Македонија.
Претставниците на УЈИЕ, се ставија на располагање на Владата во насока на посредување помеѓу државата и странските експерти за образование, за актуелизирање на широка јавна дебата за нови модели на образовна стратегија која ќе придонесе за подобар квалитет на образованието во Република Македонија.
