Во понеделникот (4. септември 2017 година), Управниот комитет на Бизнис Академијата го одржа својот прв состанок, на кој беа разгледани идните активности на академијата. Беа презентирани и информации за специјализираните студиски програми, кои оваа година ги нуди Универзитетот на Југоисточна Европа. Во својство на Управувачки комитет на Бизнис Академијата беа присутни голем број сопственици на компании од регионов, како и претставници на Факултетот за бизнис и економија на УЈИЕ.
Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, изрази благодарност за присуството на сопствениците на компании, нагласувајќи ја конкретната соработка за реализација на специјалистичките програми, посебно дизајнирани за потребите на стопанството.
Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Изет Зеќири, ги претстави Правилникот за работата на Академијата и нацрт-акциониот план, во кој се поставени некои од главните цели кои Академијата сака да ги реализира.
Некои од целите на бизнис академијата се: предавање базирано на истражување, обука за бизнис менаџмент; поддршка на истражувањето преку ИТ, поттикнување соработка помеѓу ФБЕ и деловната заедница и подготвување заеднички проекти.
Академикот Абдулменаф Беџети ја истакна важноста од соработката на универзитетот со стопанството во однос на реализација на заедничките проекти. Тој предложи соединување на идеите при подготвување заеднички проекти за што средства може да се генерираат од различни фондови на ЕУ.
Претставниците од деловната заедница ја изразија својата подготвеност да се приклучат и да соработуваат со Универзитетот и наскоро ќе понудат конкретни идеи.
Информациите за специјалистичките студии ги презентираше германскиот експерт Норберт Маркс, кој ги истакна главните аспекти од функционирањето на овие програми преку германското искуство за овој пристап.
