Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ домаќин на студенти од германски универзитети за летната школа за претприемништво и меѓукултурни студии

Од 26 август – 2 септември 2017 год. Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на летната школа на тема „Претприемништво и меѓукултурни студии.“ Студентите од два германски универзитети и од Универзитетот на Југоисточна Европа работеа заедно на оваа летна школа спојувајќи ги реалните практики од деловниот пазар во Македонија и Германија. Студентите исто така реализираа студиски посети во различни компании каде што имаа можност да ги реализираат практичните аспекти од нивното теоретско знаење.

Оваа летна школа ја организираше Факултетот за бизнис и економија од УЈИЕ, Универзитетот за применети науки од Јужна Вестфалија и Универзитетот за образование во Вајнгартен, Германија. Семинарот се организираше со преговори и помош од Германскиот експерт за специјалистички студии ангажиран на Универзитетот на Југоисточна Европа , Норберт Маркс.

„Летната школа претставува корисно искуство за нашите студенти да ги погледнат претприемничките можности во меѓукултурен аспект . Ова е успешпна соработка и некои деловни идеи произлегоа од дискусиите како што се: филтрирање на вода, претпријатие за рециклирање и креирање софтвер за борба со корупцијата“,рече проф. д-р Евалд Мителштадт од Универзитетот за применети науки од Јужна Вествалија.

„Нашите студенти и германските студенти во ова училиште имаат високо ниво на интерактивност. Програмата не се фокусира само на теоретскиот дел но исто така и на практичниот дел така што тие преку моделите поврзани со преприемничките и меѓукултурнис студии дискутираат и развиваат различни активности,“ истакна координаторот на летната школа , Фитим Деари. Делегацијата од германските универзитети оствари средба и со ректорот на УЈИЕ , проф. д-р Замир Дика со кого разменија идеи за продолжување на оваа иницијатива за соработка.

Студентите од Германија, во своето слободно време , исто така имаа можност да посетат некои споменици од локалното културно наследство од Тетово, Скопје и од Охрид.

Google+