Според проректорот за претприемништво и планирање, проф.д-р Мирољуб Шукаров треба да има блиска соработка помеѓу академскиот сектор и деловниот сектор, со цел двете страни да придонесат за личен развој и за развој на општеството каде што функционираат.
„Иако деловната заедница во полошкиот регион има потреба од кадар од областа на металуршките, хемиските и други технолошки дејности кои не се во структурата на нашиов Универзитет, ние може да ги задоволиме нивните потреби со квалитетен кадар од економија, бизнис, компјутерски науки и други наши сродни области “ забележи Шукаров.
Деканот на Факултетот за бизнис и економија, академик Изет Зеќири, рече дека отворањето на Биѕнис-академијата има за цел поблиска соработка со Универзитетот со деловната заедница.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, истакна дека на деловната заедница и е потребен квалификуван и професионален кадар кој поседува знаења за да може да се вклучи во секојдневните активности.
Според академикот Абдулменаф Беџети, високообразовниот систем треба да се смени.
„ Изборот треба да се направи кога нови студенти се запишуваат на високообразовни институции , бидејќи тековниот индикатор од 96% ученици кои се запишуваат на високообразовни институции не одговара на потребите “, рече Беџети.
Се предвидува преку Бизнис-академијата бизнисмените да бидат поактивно вклучени во реализирањето на 10% од практичната настава.
