Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Годишниот Саем за кариера можност за вклучување на пазарот на трудот

Во среда (26 април ), на Кампусот ан Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа 12иот Саем за кариера. Како и секогаш се организираше од Центарот за кариера на УЈИЕ .

Саемот за кариера формално го отвори ректорот проф.д-р Замир Дика, кој рече дека бизнисот во Европа секогаш функционирал најдобро кога бил во соработка со универзитетите и постојат голем број на достигнувања кои можат да се сметат како пример за заедничките достигнувања.

„Ова е причината зошто Европската комисија се обидува да го зголеми бројот на дипломирани студенти, да се подобри квалитетот на наставата и да ја доведе до максимум од она што високото образование може да направи за да му помогне на економијата на ЕУ“ истакна ректорот Дика.

Заменик-премиерот на Република Македонија за имплментација на Охридскиот договор, д-р Фестим Халили рече дека присутвото на Универзитетот го направило носталгично , бидејќи и тој е дипломец на овој Универзитет. Заменик-премиерот Халили пред многубројните студенти истакна„младите треба да бидат подготвени со релевантни вештини и знаења за да можат да се натпреваруваат и да просперираат на глобално ниво .“

Одговорната на Центарот за кариера на УЈИЕ, г-ѓа Бурбуќе Капроли рече дека Саемот претставува добра можност за студентите и потенцијалните работодавци да ги дискутираат можностите за вработување и да го промовираат вклучувањето на студентите како практиканти во нивните компании.

Околу 50 компании учествуваа на Саемот за кариера. Повеќето од нив ги презентираа нивните професионални активности и ја искористија можноста да воспостават контакти со студентите за можните ангажирања и вработувања.

Google+