Во текот на нивното евалуирање тие имаа состаноци со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика, Извршниот тим на ректорот; провостот; деканите и директорите на административните служби; како и со претставници од Студентскиот парламент и асоцијација и со студентскиот правобранител.
Фокусот на нивната посета беше обезбедувањето квалитет и други поврзани активности како што се акредитација на студиските програми, имплементација на академските и на административните стандарди, спроведувањето на евалуацијата студент- професор и вклучување на студентите во сите процеси во Универзитетот.
Надворешните шампиони за квалитет се меѓународни експерти кои имаат договор со Универзитетот да го оценуваат и советуваат раководството и врботените на Универзитетот за тоа како може да се подобри квалитетот на работата на Универзитетот и да се развијат позитивни искуства за студентите. Нивното вклучување во процесите за обезбедување квалитет на Универзитетот на Југоисточна Европа е еден од стратегиските приоритети на научно-истражувачката работа.
