Во таа прилика тие следеа една презентација подготвена за нив од страна на службениците на Амбасадата за претседателските избори во САД.
Конзуларниот службеник од Амбасадата на САД Бенџамин Свенсон им предаваше на студентите по меѓународни комуникации во врска со изборниот процес во САД и им одговараше на нивните прашања на таа тема. Студентите исто така следеа и една презентација за образовните програми за размена со САД.
На крајот, студентите на УЈИЕ ги посетија просториите на Амбасадата на САД и практично се запознаа со начинот на функционирање на ова најголемо дипломатско претставништво во земјата.
