Заменик-шефот на мисијата Швајцер-Блум го објасни функционирањето на изборниот систем на САД , како е организиран , како се покриени претседателските кампањи и кои позиции ги избираат американците на денот на изборите дополнително на претседателот.
Таа зборуваше за важноста на гласот според државите во САД. Не е големината на државата која ја одредува големината на гласот , туку изборниот систем ја определува распределбата на гласот кај американските граѓани, рече г-ѓа Швајцер –Блум.
„Ние веруваме во американската демократија и поради тоа ние веруваме во изборниот систем на САД. Овој систем се докажа функционален за стотици години и се заснова на демократските вредности на нашата држава“, забележа таа.
Студентите од УЈИЕ покажаа интерес за претседателската кампања преку споредба на американскиот изборен систем со македонскиот, и преку мотивирање на гласачите и прифаќањето на резултатите од учесниците во изборите.
Пред предавањето на заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Р. Македонија, г-ѓа Микаела Швајцер – Блум оствари средба со ректорот на УЈИЕ , проф. д-р Замир Дика кој накратко ја информираше за текот на високото образование во Македонија воопшто и посебно за новата стратегија за развој на УЈИЕ. Г-ѓа Швајцер- Блум истакна дека Амбасадата на САД продолжува да го поддржува УЈИЕ.
